0_Web_АктуелноМакедонија.СлајдерПолитика

Собраниска расправа за избор на новата влада, власта и опозицијата со спротивставени ставови

Потполно спротивставени ставови во врска со составот, програмата и политиките на новата влада можеа да се чујат денеска од опозициските и од пратениците од владејачките партии. За опозицијата новата влада ќе биде продолжување на претходната и нејзиниот неуспех. Таа сметаат, не може да понуди ништо ново со стари и истрошени кадри и нема да биде подготвена да се справи со ниту еден предизвик. Дополнително, велат, таа нема политички легитимитет, а особено мандатарот кој треба да стане премиер, бидејќи не учествувал на непосредни избори. Легитимитетот е изгубен, смета опозицијата, и по тоталниот пораз на власта на локалните избори. Заеднички став на поголемиот дел од пратениците од опозицијата е дека оваа влада ќе биде влада со краток рок, која брзо ќе се соочи со своите аномалии и оти многу брзо ќе се оди на предвремени парламентарни избори .

Веста е достапна само за претплатниците на веб-сервисот на МИА.
Логирајте се или контактирајте го секторот за маркетинг за повеќе информации.

+389 2 2461600
marketing@mia.mk
Back to top button
Close
Close