Дописници МКДОпштествоОпштински вести

Словенечкиот амбасадор Предан во посета на Општина Битола

Од секторот за односи со јавност на Општина Битола информираат дека градоначалникот Коњановски и амбасадорот Предан разговарале на повеќе теми што се однесуваат на поддршката што Словенија ја дава за нашата држава, a посебно во делот поврзан со подготвеноста за искористување на можностите кои ги нудат Европските фондови.

Битола, 13 мај 2022 (МИА) – Градоначалникот на Општина Битола Тони Коњановски денеска оствари работна средба со словенечкиот амбасадор во земјава, Милан Предан.

Од секторот за односи со јавност на Општина Битола информираат дека градоначалникот Коњановски и амбасадорот Предан разговарале на повеќе теми што се однесуваат на поддршката што Словенија ја дава за нашата држава, a посебно во делот поврзан со подготвеноста за искористување на можностите кои ги нудат Европските фондови.

– Посебен акцент беше ставен на проектните планови во делот на енергетиката и енергетската ефикасност, како и имплементација на проекти кои вклучуваат еднакви можности за мажите и жените. Исто така беа разгледани и други значајни области, важни за граѓаните, како економијата, образованието и културата, во кои постои можност за зајакнување и унапредување на соработката, соопштија од Општина Битола по средбата меѓу градоначалникот Коњановски и словенечкиот амбасадор Предан. мт/цр

Таг
Back to top button
Close
Close