Дописници МКДОпштински вести

„Слика на стакло од Занаетчискиот дом во Куманово“, избран за сувенир на годината на Општина Куманово

Сувенирот „Слика на стакло на Занаетчискиот дом Куманово“ од авторката Наташа Кузмановска од Скопје е избрана за сувенир на Општина Куманово за 2021 година. Сувенирот ги опфаќа елементите на препознатливост, локалната традиција и културно-историските богатства на градот, што беа дел од критериумите кои ги објави комисијата од општината за избор на сувенир за оваа година.

Куманово, 7 декември 2021 (МИА) – Сувенирот „Слика на стакло на Занаетчискиот дом Куманово“ од авторката Наташа Кузмановска од Скопје е избрана за сувенир на Општина Куманово за 2021 година. Сувенирот ги опфаќа елементите на препознатливост, локалната традиција и културно-историските богатства на градот, што беа дел од критериумите кои ги објави комисијата од општината за избор на сувенир за оваа година.

– Годинава учествуваа четворица учесници на објавениот конкурс. Се работи за дело од авторката Кузмановска, слика на стакло. Верувам дека сувенирот е уникатна изработка и ги опфаќа занаетчискиот дом, елементи од градскиот плоштад и грбот на општината. Ги поттикнувам авторите да работат и да се пријавуваат на конкурсот, рече градоначалникот Максим Димитриевски на денешната прес-конференција.

Авторката, инаку архитект Кузмановска се заблагодари за изборот на нејзиниот труд и појасни дека станува збор за слика на стакло. Таа од општината ќе добие 30.000 денари награда

– Чест ми е што како претставник на Републиката занаетчиска комора што ја добив наградата,рече Кузмановска.

Градоначалникот и авторката потпишаа договор за изработка на одреден број на сувенири со кои општината ќе се презентира пред гостите на свечености и манифестации.

Димитриевски најави дека е планирано отворање на сувенирница во Куманово. Оваа идеја потекна од Занаетчиската комора и според кумановскиот градоначалник предвидено е на истата локација да има и туристички-информативен центар.

– Штом ќе се заврши постапката која ја водиме за објектите во занаетчискиот дом, ќе се донесе одлука на совет, ќе се испразни еден од постоечките локали и на локацијата сакаме да го отвориме центарот. Во сувенирницата ќе можат да се купат различни сувнеири, а инфо центарот ќе биде финансиран од страна на општината, по претходно донесена одлука на Советот, изјави Димитриевски. ам/дма/

Back to top button
Close
Close