0_Спорт.ПорталКошарка

Симонс го имаше својот прв тренинг со Сиксерс

Кошаркарот на Филаделфија, Бен Симонс, во текот на вчерашниот ден го имаше својот прв тренинг по подолга пауза.

Филаделфија, 18 октомври 2021 (МИА) – Кошаркарот на Филаделфија, Бен Симонс, во текот на вчерашниот ден го имаше својот прв тренинг по подолга пауза.

Тренерот на Сиксерс, Док Риверс, сè уште не е подготвен да даде точен датум кога Симонс ќе се врати во тимот.

– Сè уште не знам. Сакам да почекам и да видиме. Тој е во пристојна форма, но сепак не е во натпреварувачки ритам, рече Риверс.

Тренерот, исто така, истакна дека тимот не придава големо значење на враќањето на Симонс.

– Го запознавме со тимот како што обично правиме кога доаѓа нов играч или се враќа стариот. Направивме шега, истакна Риверс.

За потсетување, Симонс бараше да биде разменет во друг тим и го пропушти поголемиот дел од тренинг кампот пред сезоната. Минатата недела се врати во Филаделфија и се приклучи на тренинзите. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close