0_Спорт.ПорталСпортФудбал

Силва летото одбил трансфер во Барселона

Фудбалерот од средниот ред на Манчестер Сити, Бернардо Силва, одбил трансфер во Барселона за време на летниот преоден рок, објави „Мундо Депортиво“.

Манчестер, 26 септември 2022 (МИА) – Фудбалерот од средниот ред на Манчестер Сити, Бернардо Силва, одбил трансфер во Барселона за време на летниот преоден рок, објави „Мундо Депортиво“.

Според шпанскиот весник, страните биле во преговори и 28-годишниот Португалец бил подготвен да се пресели во каталонскиот клуб, но не сакал да го направи тоа на крајот од преодниот рок. Се забележува дека играчот од средниот ред донел таква одлука поради фактот што „граѓаните“ немале време да најдат замена.

Силва го почитува клубот и навивачите и ако мора да замине, сака да го стори тоа со почит кон двете страни. На 10 настапи за Манчестер сити оваа сезона во сите натпреварувања Силва постигна два гола и имаше три3 асистенции.

Договорот на играчот од средниот ред со клубот е до 30 јуни 2025 година. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close