Дописници МКДОпштествоОпштински вести

Се чистат дивите депонии во општина Кавадарци

Во тек е чистење на диви депонии на неколку локации на потегот од регионалниот пат Кавадарци - Прилеп до депонија Мелци.

Кавадарци, 7 јуни 2022 (МИА) – Во тек е чистење на диви депонии на неколку локации на потегот од регионалниот пат Кавадарци – Прилеп до депонија Мелци.

-На терен во должина од 750 метри,  се чисти количина од 150 кубни метри градежен материјал, кабаст отпад и други видови на отпад, кој е исфрлен од несовесни граѓани на општината Кавадарци и околните села, информираа денеска од кавадаречкото јавно претпријатие „Комуналец”.

Апелираат до жителите на општина Кавадарци во иднина отпадот да не го исфрлаат на патот кон депонијата, туку да го однесат на самата депонија, каде депонирањето е  бесплатно.свд/лв/

 

Таг
Back to top button
Close
Close