Дописници МКДОпштински вести

Се собраа доволно донации за да се обнови куќа која изгоре во пожар во јануари во Тетово

Во тетовската населба Колтук почна да се обновува дел од куќата на Илија Серафимовски која изгоре во пожар во јануари годинава. Градежните работи започнаа откако се собраа доволно средства собрани со донации на граѓани, дијаспората, фирми и Општината.

Тетово, 5 октомври 2022 (МИА) –  Во тетовската населба Колтук почна да се обновува дел од куќата на Илија Серафимовски која изгоре во пожар во јануари годинава. Градежните работи започнаа откако се собраа доволно средства собрани со донации на граѓани, дијаспората, фирми и Општината.-По пожарот, црковниот одбор при храмот Свети Никола на 49 годишниот Илија му оспособи дел од помошните простории за привремено престојување.Бидејќи тој е  самец, а во исто време и невработен, корисник на социјална помош, самиот не можеше да најде нов стан под наем или да оди кај роднини. Ќе се обноват две соби. Општина даде 150 илјади денари, а остатокот ќе се собира со донации на хуманите граѓани. Благодарност за сите што помагаат и апел до сите кои можат да помогнат на било кој начин за да овозможиме нормални услови за живот на нашиот сограѓанин, порачаа иницијаторите за помош.Во пожарот тој доби повеќе изгореници по целото тело. Вечерта кога се случи пожарот Илија беше во опасност да го изгуби животот.  За да се излезе од куќата му помогна и со тоа му го спаси животот неговиот 25 годишен сосед Мартин Малетиќ.ас/см/

Back to top button
Close
Close