Општински вестиСкопје

Се санира ­ улицата „Иван Хаџи Николов” во Драчево

- Општина Кисела Вода соопшти дека се санира улицата „Иван Хаџи Николов” во Драчево. Со денешното асфалтирање, од Општина Кисела Вода посочуваат дела освен што го подобрува естетскиот изглед на населбата, врши и директно унапредување на условите под кои се одвива патниот сообраќај.

Скопје, 19 август 2022 (МИА) – Општина Кисела Вода соопшти дека се санира улицата „Иван Хаџи Николов” во Драчево. Од Општината посочуваат дека со денешното асфалтирање, оосвен што се подобрува естетскиот изглед на населбата, се врши и директно унапредување на условите под кои се одвива патниот сообраќај.

– На оваа клучна сообраќајница во населбата Драчево, лоцирана непосредно до Паркот на бранителите, до повеќе комерцијални и деловни објекти, која воедно е и адреса на голем број граѓани, децении наназад не е извршен никаков реконструктивен зафат. Уништениот асфалт, дупките и нерамнините директно ја загрозоваа безбедноста на возачите и другите учесници во сообраќајот. „Иван Хаџи Николов”, е уште една од големиот број на улици во Општина Кисела Вода, опфатени со вакви и слични градежни зафати, наведуваат од општинската прес-служба.

Општината информира дека во Драчево во изминатите неколку седмици се работеше на санација и на други 13 улици. Претходно, посочуваат, целосно се санирани улиците „Румена Хаџипанзова”, „Јанко Мишиќ” и „Речиште”. Потенцираат дека паралелно течат градежните активности за целосна реконструкција на улицата „Живко Фирфов“, за проширување на булеварот „Борис Трајковски“. Од наредната недела од општината го најавуваат отпочнувањето на проектот за целосна реконструкција на улицата „Славка Динкова”.

– Патната мрежа се подобрува рамномерно, низ сите месни и урбани заедници во Општина Кисела Вода, со што приоритетни се најфревентните и оние улици каде декади наназад не е извршена никаква инвестициска и градежна активност, потенцираат од општината. фф/сп/

Таг
Back to top button
Close
Close