Дописници МКДОпштински вести

Се реконструира дел од булеварот „Гоце Делчев“ во Штип

Почна реконструкцијата на булеварот „Гоце Делчев“ во Штип, кој е влез и излез на градот.  Откако потегот доби нови тротоарски површини, кои ги поставуваше Општината, сега ЈП „Македонија пат“ ќе постави нов асфалт на коловозните ленти.

Штип, 11 август 2022 (МИА) – Почна реконструкцијата на булеварот „Гоце Делчев“ во Штип, кој е влез и излез на градот.  Откако потегот доби нови тротоарски површини, кои ги поставуваше Општината, сега ЈП „Македонија пат“ ќе постави нов асфалт на коловозните ленти.

Градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов, на денешната прес-конференција рече дека динамиката на работа ќе биде согласно со потребите на сообраќајот, така што нема да има позначаен прекин или застој во сообраќајот.

-Се наоѓаме на булеварот  „Гоце Делчев“, на потегот од Алумина до кружниот тек кај Лукоил. Овде се започнати активности за промена на асфалтниот слој, реконструкција на овој потег. Градежните активности се преку ЈП „Македонија пат“. Сакам да ја искористам приликата да се заблагодарам. Општина Штип претходно изврши третирање на тротоарските површини, поставени се нови тротоари, нови рабници. Веднаш по завршувањето на реконструкција, ќе се уредува средишниот зелен појас со нов дрворед сè со цел да го промениме изгледот на влезот од градот како што доликува на еден центар на источна Македонија, вели Јорданов.

Очекува градежните работи на булеварот „Гоце Делчев“ да заврашат наредната недела, а средишниот зелен појас ќе се уредува оваа есен.

Садењето на нов дрворед зависи од временските прилики, најверојатно во текот на есенските месеци ќе се изврши засадувањето на дрвјата и промената на зелениот појас, додаде Јорданов.

Финансиските средства за овој проект и целосно уредување на потегот дополнително ќе се утврдуваат, бидејќи во проектот  учествува и ЈП „Македонија пат“. вдј/дма/

Таг
Back to top button
Close
Close