Дописници МКДОпштествоОпштински вести

Се подобрува патната инфраструктура во пехчевското село Црник

Во пехчевското село Црник во тек се градежни активности за подобрување на патната инфраструктура. За таа цел се асфалтираат два крака од улиците ,,1" и ,,2", поради што ги известија жителите на с.Црник кои живеат на предметните локални улици или гравитираат кон нив да создадат услови за непречено изведување на работите.

Пехчево, 22 ноември 2021 (МИА) – Во пехчевското село Црник во тек се градежни активности за подобрување на патната инфраструктура. За таа цел се асфалтираат два крака од улиците ,,1″ и ,,2″, поради што ги известија жителите на с.Црник кои живеат на предметните локални улици или гравитираат кон нив да создадат услови за непречено изведување на работите.

-Градежните работи подразбираат подготовка на теренот, изработка на постелка со планирање и валирање до потребна збиеност, изработка на тампонски слој со планирање и валирање до потребна збиеност, поставување на бетонски рабници и изработка на коловоз од бехатон, односно интензивно користење на градежна механизација, транспортни средства и сл. Заради непречено и безбедно одвивање на градежните работи, имајќи ги во предвид постоечките услови на терен, се препорачува користење на други локални улици во селото воколку е возможно, истакнаа од Општината.
Проектот Изградба на локални улици во село Црник, според планираното ќе се реализира до 15 февруари 2022 година.
-Работите ги изведува фирмата СД-ТРАНС ДООЕЛ с.Звегор, Делчево, а инвеститор е Општина Пехчево. Овој проект се реализира со грант средства од Меѓународната банка за обнова и развој, Светска банка, и со буџетски средства на Општина Пехчево преку Проектната единица на Министерство за финансии и МСИП проектот  додадоа од Општината. Целта на проектот како што дополнија е подобрување на квалитетот на животот на локалното население. вс/вг/

Таг
Back to top button
Close
Close