Дописници МКДОпштински вести

Се кројат дрворедите во Струмица

Струмичкото комунално претпријатие ја почна акцијата за кроење на дрворедите низ Струмица. Денеска со механизација и рачно се работеше на улицата „Маршал Тито“, а уредувањето ќе продолжи и на други улици во наредните денови.

Струмица, 5 декември 2021 (МИА) – Струмичкото комунално претпријатие ја почна акцијата за кроење на дрворедите низ Струмица. Денеска со механизација и рачно се работеше на улицата „Маршал Тито“, а уредувањето ќе продолжи и на други улици во наредните денови.

-Денеска се уредуваа дрворедите во Старата струмичка чаршија, на потегот од „Топчето“ до хотел „Централ“. Им благодариме на граѓаните што ги отстранија своите возила од оваа улица за да можеме непречено да работиме, информираат од ЈПКД „Комуналец“.

Додаваат дека граѓаните навремено ќе бидат информирани за распоредот на улиците каде ќе се врши кроење на дворедите за да можат да ги отстранат своите возила за да може механизацијата и вработените да работат. рт/хс/

Back to top button
Close
Close