Дописници МКДОпштински вести

Се комплетира изградбата на минор-коритото на Крива Река

Почнаа градежните работи за изградба на минор-коритото на Крива Река во централното градско подрачје на Крива Паланка на потегот од Осички мост до спортскиот комплекс. Ова е трета, последна фаза за уредување на речното корито.

Крива Паланка, 27 октомври 2021 (МИА) – Почнаа градежните работи за изградба на минор-коритото на Крива Река во централното градско подрачје на Крива Паланка на потегот од Осички мост до спортскиот комплекс. Ова е трета, последна фаза за уредување на речното корито.
– Во тек се активностите за изградба на преостанатите 217 метри од коритото на Крива Река, дел 3 –  последна фаза. Овој проект се реализира со грант од Светска банка во висина од околу 6,5 милиони денари. Се работи на потегот од Осички мост до спортскиот комплекс, со што понатаму ќе сеовозможи и партерно уредување на мајор коритото со предвидените содржини. Во рамки на овој проект ќе биде изграден и нов пешачки мост кај спортскиот комплекс, изјави градоначалникот на општина Крива Паланка, Борјанчо Мицевски.
Активностите на терен ќе се реализираат во следните шест месеци, до 25 април следната година. Регулацијата на минор корито на Крива Река ја изведува фирмата „Лабино трејд“ од Гостивар, а инвеститор е Општина Крива Паланка.
Проектот се реализира со грант од Министерството за финансии на Република Северна Македонија и МИСП проектот за подобрување на квалитетот на живот на месното население.
Од локалната самоуправа на Општина Крива Паланка ги замолуваме граѓаните при користење на ролерско-велосипедската патека во кејот на реката да ги почитуваат поставените обележја за градба од страна на изведувачот, заради нивна безбедност.ид/са/

Back to top button
Close
Close