Дописници МКДОпштински вести

Се зголемува бројот на деца позитивни на Ковид-19 во Делчево

Се зголемува бројот на деца кои се позитивни на вирусот Ковид-19. Директорката на Здравствениот дом во Делчево, Марија Глигоровска информираше дека откако минатата недела 128 деца следеа онлајн настава поради позитивни случаи на Ковид-19, во моментот четири деца се позитивни на вирусот.

Делчево, 30 ноември 2021 (МИА) – Се зголемува бројот на деца кои се позитивни на вирусот Ковид-19. Директорката на Здравствениот дом во Делчево, Марија Глигоровска информираше дека откако минатата недела 128 деца следеа онлајн настава поради позитивни случаи на Ковид-19, во моментот четири деца се позитивни на вирусот.
-Станува збор на семејни заболувања со Ковид-19, кои покрај родителите ги зафатил и нивните деца. Значи имаме вкупно 4 позитивни деца на возраст од 6 и 11 години кои се позитивни на Ковид-19, заедно со нивните родители. Сепак и покрај тоа можеме да кажеме дека за разлика од изминатите недели кога имавме над 20 случаи дневно, во последните неколку дена таа бројка се намалува, истакна Глигоровска.
Од Здравствениот дом напоменаа дека во текот на изминатата ноќ 52-годишен пациент од Делчево со тешка клиничка слика  и сериозни проблеми на дишните патишта, починал синоќа во Брзата помош во Делчево, откако одбил пружање лекарска помош и хоспитализирање во некој од блиските кчинички центри.
Во Делчево во текот на изминатите два дена тестирани се 30 пациенти со симптоми на Ковид 19, од кои позитивни биле 9 лица.вс/бт/

Back to top button
Close
Close