Дописници МКДОпштински вести

Се гради пристапен пат во населба Стара Каменица

Во Македонска Каменица започна  решавањето на деценискиот проблем со патната мрежа со кој се соочуваа жителите од Букерско маало во населбата Стара Каменица. Во оваа каменичка населба како што информираа од Општината се гради пристапен локален пат во должина од 500 метри.

Македонска Каменица, 20 септември 2021 (МИА) – Во Македонска Каменица започна  решавањето на деценискиот проблем со патната мрежа со кој се соочуваа жителите од Букерско маало во населбата Стара Каменица. Во оваа каменичка населба како што информираат од Општината се гради пристапен локален пат во должина од 500 метри.

-Активноста се реализира согласно претходно потпишан Договор за изградба, со кој се опфатени локални патишта во руралните средини во должина од околу три километри, информираат од Општината.

Увид во градежните работи предвидени за изградба на локалниот пристапен пат до Букерско маало во Стара Каменица изврши и градоначалничката Соња Стаменкова која додаде дека со оваа активност отпочнува серија активности на изградба и реконструкција на локални патишта и улици предвидени во Програмата за активности за 2021 година.

Претходно, како што додаде, завршени се градежните работи за доизградба на локални патишта во повеќе маала и рурални средини во каменичко. вс/аа/

Таг
Back to top button
Close
Close