0_Спорт.ПорталСпортФудбал

Се гради нова трибина на стадионот во Штип

Под мото „Ја менуваме сликата на стадионите“, Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) денеска објави дека во тек се градежни активности за изградба на новата западна трибина на Градскиот стадион во Штип.

Скопје, 28 јануари 2022 (МИА) – Под мото „Ја менуваме сликата на стадионите“, Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) денеска објави дека во тек се градежни активности за изградба на новата западна трибина на Градскиот стадион во Штип.

Согласно проектот финансиран од ФФМ, западната трибина ќе има капацитет од 2.400 седишта, простор за медиуми и за лица со инвалидитет, ВИП ложа и ресторан.

Просторот под трибините ќе биде опремен со соблекувални и простории за службени лица по стандардите на УЕФА и ФИФА. ег/ар/

Таг
Back to top button
Close
Close