Дописници МКДОпштински вести

Се гради локалниот пат до Албанско маало во каменичкото село Тодоровци

Во Македонска Каменица продолжува изградбата на локалната патна инфраструктура. Во моментот, како што информираа од Општината, во тек е изградбата на патна инфраструктура до Албанско маало во селото Тодоровци.

Македонска Каменица, 21 октомври 2021 (МИА) – Во Македонска Каменица продолжува изградбата на локалната патна инфраструктура. Во моментот, како што информираа од Општината, во тек е изградбата на патна инфраструктура до Албанско маало во селото Тодоровци.

-Продолжуваме со изградба на комунална и патна инфраструктура и патишта, како во урбаните, така и во руралните средини. Во моментот во тек се градежни работи до Албанско маало во село Тодоровци, кој го реализираме преку проект за поврзување на Локални патишта. Вкупната инвестиција за реализација на проектот е 14, 2 милиони денари, информираа од Општината.
Увид во градежните работи изврши градоначалничката Стаменкова, која додаде дека патот е во должина од 1.500 метри.
-Во рамки на изградбата како што додаде регулирани се и отворени одводни канали за атмосферски води. Покрај пристапот до домовите на жителите од Албанско маало со изградбата на овој патен правец обезбедуваме олеснет пристап до Калиманско Езеро со што креираме услови за развој на езерскиот туризам во М.Каменица, додаде Стаменкова.
Подобрените услови за живот и грижата за секој еден граѓанин во Општина М.Каменица, како што додаде Стаменкова останува врвен приоритет во работењето на Локалната самоуправа предводена од Социјал демократскиот сојуз на Македонија.вс/бт/

Back to top button
Close
Close