Дописници МКДОпштински вести

Се градат три крака од улицата ,,Голем рид” во Делчево

Во делчевската населба Стрелиште во тек е изградба на три крака од улицата „Голем рид“. Со реализацијата на активностите како што информираат од Општината се одговора на барањето и потребите на жителите од оваа населба.

Делчево, 22 септември 2021 (МИА) – Во делчевската населба Стрелиште во тек е изградба на три крака од улицата „Голем рид“. Со реализацијата на активностите како што информираат од Општината се одговора на барањето и потребите на жителите од оваа населба.

-Во моментов на споменатата локација се изведуваат земјени работи на теренот, по што ќе следува асфалтирање на краците кои се со вкупна должина од околу 250 метри, информираа од Општината.

Градоначалникот на Делчево, Горан Трајковски кој изврши увид во градежните работи додаде дека станува збор за проект со кој се решава децениски проблем со патната инфраструктура кој ги „тишти” жителите од населбата Стрелиште.

Инвестицијата за изградба на оваа улица е на Општина Делчево и во рамките на пакетот инфраструктури проекти за изградба на улици во Делчево и селските средини во износ од 9 милиони денари. вс/оџ/

 

 

Back to top button
Close
Close