Дописници МКДОпштински вести

Сензорна соба доби Дневниот центар за лица со интелектуална и телесна попреченост Кавадарци

Сензорна соба доби Дневниот центар за лица со интелектуална и телесна попреченост Кавадарци. На попладневната промоција на оваа соба, беше кажано дека финансиските средства за неа се обезбедени  од проектот „Зајакнување на локалните капацитети  за спроведување на Агенда 2030" и принципот „Никој да не биде изоставен’’. Се работи за опрема за Дневниот центар за лица со попречености како и основна обука за две стручни лица за сензорна интеграција.

Кавадарци, 27 мај 2022 (МИА) – Сензорна соба доби Дневниот центар за лица со интелектуална и телесна попреченост Кавадарци. На попладневната промоција на оваа соба, беше кажано дека финансиските средства за неа се обезбедени  од проектот „Зајакнување на локалните капацитети  за спроведување на Агенда 2030″ и принципот „Никој да не биде изоставен’’. Се работи за опрема за Дневниот центар за лица со попречености како и основна обука за две стручни лица за сензорна интеграција.

Проектот е имплементиран од НАЛАС-мрежа на асоцијации на локални власти од Југоисточна Европа и ЗЕЛС-заедница на единиците на локалната самоуправа, во соработка со Германското друштво за интернационална соработка, а во име на Германското федерално министерство за економска соработка и развој.
-Заедно со претставници од ЗЕЛС и НАЛАС, со големо задоволство соопштуваме дека како општина учествуваме во овој проект. Целта на проектот е зајакнување на капацитетите на општините, за примена на социјални пристапи, со крајна цел, инклузија на ранливи лица во заедницата, рече Тодор Ефремов, секретар во кавадаречката локална самоуправа.
Директорката на Меѓуопштински центар за социјална работа Кавадарци, Весна Дамјаноска се заблагодари за донацијата до општината и градоначалникот.
-Таа е од голема важност и многу ќе допринесе во подигањето на нивото на работа на стручните работници, а најголем бенефит од тоа ќе имаат нашите корисници кои го посетуваат овој Центар. Тие овде ќе можат да се смират и да научат нешто повеќе за она што е поврзано со сетилата, нагласи Дамјаноска.
Таа додаде дека сензорната соба е инструмент, алатка во рацете на стручните работници, со што тие ќе одговорат на потребите на корисниците на услугите на Центарот, за развивање на нивните сензорни способности.
– Центарот за социјална работа во координација со Министерството за труд и социјална политика, постојано работи на унапредување на правата и овозможување на подобри услови за лицата со попреченост. По барање на Центарот, општината Кавадарци аплицираше на проект за изградба на нов дневен центар, кој е веќе ставен во годишниот план за финансирање за оваа година. Се надевам дека по завршување на комплетирањето на потребната техничка документација од страна на Општината, ќе добиеме нов и современ Дневен центар, децидна беше Дамјаноска. свд/дма/

Таг
Back to top button
Close
Close