Локални избори 2021Политички партии

Села: Вината за пожарот во Тетово сакаат да ја префрлат на медицинскиот персонал

Претседателот на Алијансата за Албанците Зиадин Села, на митингот во Арачиново, го обвини премиерот Зоран Заев дека не ги третира подеднакво сите граѓани, туку ги штити само своите партиски функционери. Коментирајќи ја одлуката да не ги прифати оставките на министерот и заменик-министерот за здравство, Села рече дека Заев сака вината за трагедијата во Тетово да ја префрли на медицинскиот персонал и да го спаси својот министер.

Скопје, 5 октомври 2021 (МИА) – Претседателот на Алијансата за Албанците Зиадин Села, на митингот во Арачиново, го обвини премиерот Зоран Заев дека не ги третира подеднакво сите граѓани, туку ги штити само своите партиски функционери. Коментирајќи ја одлуката да не ги прифати оставките на министерот и заменик-министерот за здравство, Села рече дека Заев сака вината за трагедијата во Тетово да ја префрли на медицинскиот персонал и да го спаси својот министер.

Покрај тоа, првиот човек на АА, наведе пет причини за кои рече дека одговорноста треба да ја преземат Владата, Општина Тетово и дирекцијата на болницата.

– Па, за него Филипче е поважен од утехата што треба да ја имаат семејствата на 14-те жртви живи запалени, а тој излегува и ни кажува денеска дека ниту министерот за здравство, ниту заменик -министерот, ниту директорот, ниту градоначалничката на Општина Тетово, имаат каква било одговорност. И знаете каде ќе бара одговорноста овој валкан човек. Ќе се обидува да бара кај оние што со месо и душа се обидуваат да им помогнат на пациентите, на медицинскиот персонал во Тетово кои немаат никаква вина, рече Села.

Лидерот на АА нагласи дека има многу елементи за кои Обвинителството требало да постапува до денес.

– Прво, 11-годишен директор кој е вршител на должноста. Второ, градоначалничката која нема направено техничко прифаќање на болницата, и се уште не дале дозвола за објектот, додека според законот за секој објект на територијата на општината дава дозвола Општината. Трето, недостатоци на преградни ѕидови на објектите што би го спречиле ширењето на огнот. Четврто, недостаток на апарати за гаснење на пожарот и денес тие луѓе би биле спасени.  Петто, присуството на роднини на пациентите во просториите на модуларниот центар, што дојде како резултат на недостаток на медицински персонал, потенцираше Села.

Тој рече дека тоа е директна одговорност на премиерот Зоран Заев, додавајќи дека „за палењето на 14-те граѓани во Тетово“ ќе има одговорност и покрај, како што рече, обидот да се сокрие вистината.

Наим Синани, кандидатот за градоначалник на Арачиново од редовите на Алијанса за Албанците на митингот во Арачиново нагласи дека од местото каде што се одржувал денешниот собир, на неколку метри е каналот што мириса и не дозволува да седат во нивните дворови.

– Затоа, ова прашање бара итно решение што го ветија пред четири години, но остана во фиоките, или можеби дури и не е означено на хартија. Тие дојдоа пред вас само за да ги добијат вашите гласови, како што тие секогаш знаат да направат и мислат само да бидат удобни на фотелјата. Сега тие доаѓаат овде само со бекатонка за да се фотографираат со вас, но Арачиновци не подлегнуваат. Дозволете им да го асфалтират патот, бидејќи тоа е нивна должност. Вие не сте должни на никого, додека тој ја извршува својата задача за што е должен, истакна Синани. см/сп/

Таг
Back to top button
Close
Close