Локални избори 2021Политички партии

СДСМ Центар: Наташа Котлар грубо ги манипулира граѓаните на Центар

Наташа Котлар, кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ, грубо ги манипулира граѓаните на Центар.

 22 октомври 2021

Наташа Котлар, кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ, грубо ги манипулира граѓаните на Центар.

Таа ветува дека „ПРВПАТ„ ќе отвара Дневен центар за ментално здравје со дневен центар за деца со попреченост, а на територија на општината веќе постојат два вакви

Дневни центри. Едниот позади Соборниот храм во строгиот центар на градот, другиот во новото Општинско училиште „Киро Глигоров“ во Капиштец. Покрај ова има нови простории за рана детекција и проценка по Меѓународната класификација за функционалности во поранешниот дом за деца без родители 11 Октомври.

Со ова само уште еднаш се докажува дека кандидатката Наташа Котлар грубо манипулира со граѓаните на Општина Центар и дека ветува работи кои веќе се реализираат. Покажува голема безидејност кога зборуваме на темата никој да не биде изоставен и едно општество за сите.

Ние како одговорна власт ќе продолжиме со вложувањата во подобрувањето на условите и изедначување на правата на децата и лицата со попреченост, преку отворање на модерен центар за рехабилитација во градот, вложување во услугите како лична асистенција и помош и нега во домот.

Веќе се спроведува образовна асистенција во основните, но понатаму и во средните училишта, воведување на пристапноста како задолжителен услов во сите јавни набавки при капиталните инвестиции на Општина Центар и на Градот Скопје, а на почетокот на следната година обезбедување на пристапноста на две гимназии во Општина Центар, како и обезбедување на пристапноста на четири факултети во Скопје.

Општинска организација СДСМ Центар 

——————————————————————————————————————————————————————————————————–

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Back to top button
Close
Close