Локални избори 2021Политички партии

СДСМ: Данела Арсовска поседува и бугарска лична карта, и таа ја криела исто како бугарското државјанство

Јавноста веќе дозна дека во 2011 година кандидатката на Никола Груевски Данела Арсовска се стекнала со бугарско државјанство за што постои и документ „Удостоверение“. А вчера јавноста сведочеше на уште еден документ – личната карта на Арсовска издадена од бугарските власти.

Скопје, 28 октомври 2021
Јавноста веќе дозна дека во 2011 година кандидатката на Никола Груевски Данела Арсовска се стекнала со бугарско државјанство за што постои и документ „Удостоверение“.
А вчера јавноста сведочеше на уште еден документ – личната карта на Арсовска издадена од бугарските власти.
Случајно или не, бугарска лична карта е издадена на петти мај 2017 година, или само една недела по крвавиот четврток, по крвавиот 27 април и насилниот упад во Собранието.
Граѓаните имаат право да знаат каква намера и цел имала Арсовска кога ја добила бугарската лична карта само неколку денови откако пропадна обидот да се убијат пратеници и да се спречи демократска промена на власта.
Арсовска може колку сака да се крие зад партиски соопштенија, да излегува на нервозни прес-конференции, но ништо не може да го сокрие фактот дека освен што е конзул на Унгарија, освен што е инсталација на Груевски, поседува и бугарско државјанство и бугарска лична карта.
Ваков потценувачки однос, вакви подметнувања и тајни не поминуваат кај скопјани.
Во Скопје не поминува ниту странска инсталација која работи спротивно од интересите на граѓаните.
Граѓаните на Скопје бираат градоначалник, а не кмет.
Во недела на 31 октомври да се обединиме и да не дозволиме странски инсталации поврзани со режимот да добијат можност да го уништуваат Скопје.
Центар за комуникации со јавност на СДСМ

—————————————————————————————————————————

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивнатасодржина, ниту за евентуалните правописнинедоследности или печатни грешки.

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close