Дописници МКДОпштински вести

СВР Тетово со апел да се внимава со грејните тела поради опасност од пожари

Секторот за внатрешни работи Тетово повторно со апел до граѓаните во текот на веќе започната грејна сезона да бидат крајно внимателни, затоа што во спротивно, во голема мерка ќе се зголеми ризикот од настанување на пожари, пред сè, како резултат на човечко невнимание, неисправни и дотраени електрични инсталации во објектите или неисчистени оџаци.

Tетово, 1 ноември 2021 (МИА) – Секторот за внатрешни работи Тетово повторно со апел до граѓаните во текот на веќе започната грејна сезона да бидат крајно внимателни, затоа што во спротивно, во голема мерка ќе се зголеми ризикот од настанување на пожари, пред сè, како резултат на човечко невнимание, неисправни и дотраени електрични инсталации во објектите или неисчистени оџаци.
На граѓаните, исто така, им се укажува, да не ги оставаат вклучени грејните тела кога на подолго време излегуваат од дома или од нивните деловни објекти, посебно греалки, клима уреди или печки на дрва.

 – Доволна е само мала искра да пламне пожар со сериозни материјални и други последици, посебно во станбени згради, каде многу потешко можат да се локализираат пожарите. Затоа што, во голем број од станбените згради на подрачјето, особено во постари, недостига опрема за гаснење на пожар или е нефункционална постоечката, а и приодите до нив се отежнати, најчесто поради градежни или други пречки. На сопствениците на куќи и станарите во зградите им се советува најмалку два пати годишно да ги исчистат оџаците и да не ги преоптоваруваат инсталациите со истовремено вклучување на повеќе електрични апарат, се вели во апелот на СВР Тетово.Од тетовската полиција потсетуваат дека предизвикувањето пожар претставува кривично дело „предизвикување општа опасност“ за кое согласно член 288 од Кривичниот законик предвидена е и затворска казна од шест месеци до пет години. ас/ар/   

Таг
Back to top button
Close
Close