Дописници МКДОпштински вестиХроникаХроника.Портал

СВР Тетово работи на подигање на сообраќајната свест кај пешаците, за десет месеци казнети 385 граѓани

Евиденција на тетовската полиција за учество на пешаци во сообраќајни незгоди бележи дека за изминатите десет месеци од годинава во Тетово и Tетовско имало 57 такви случаи, додека во редовни, засилени и акциски контроли вкупно санкционирани се 385 пешаци кои направиле различни прекршоци.

Тетово, 29 ноември 2021 (МИА) – Евиденција на тетовската полиција за учество на пешаци во сообраќајни незгоди бележи дека за изминатите десет месеци од годинава во Тетово и Tетовско имало 57 такви случаи, додека во редовни, засилени и акциски контроли вкупно санкционирани се 385 пешаци кои направиле различни прекршоци.

Најчести прекршоци се преминување улици надвор од пешачки премини, не движење по тротоари или не почитување на постоечката светлосна сигнализација на крстосниците.

Од Секторот за внатрешни работи Тетово и годинава потенцираат дека со превентивни активности се работи на подигнување на сообраќајната свест и култура на пешаците како учесници во сообраќајот. Заклучно со први овој месец на поширокото тетовско подрачје организирани се десетина сообраќајни поуки, во рамки на кои пешаците непосредно се запознаваат со нивните законски обврски во сообраќајот и со законските импликации доколку не се придржуваат кон обврските.

– Секторот за внатрешни работи Тетово апелира до пешаците да бидат максимално внимателни и редовно да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да не ја доведуваат во прашање сопствената и безбедноста на другите учесници во сообраќајот, а возачите секогаш да им даваат предност, вели портпаролот Марјан Јосифоски.

Во рамки на редовните санкционирања на прекршоците во сообраќајот утринава од 7 до 10 часот полицијата бележи 17 казни за возачи кои пребрзо возеле надвор од населено место. Изречени се казни од 45 до 400 евра во зависност од прекршоците, а за дел од нив има и мерка-времено одземање на возачките дозволи од три месеци до една година. ас/цр

Таг
Back to top button
Close
Close