Дописници МКДОпштински вести

СВР Тетово и спортските клубови заеднички ќе делуваат во спречувањето на инциденти

Претставниците на повеќе спортски клубови од гостиварскиот регион и СВР Тетово, во Гостивар одржаа состанок на кој биле дискутирани обврските за организирање на натпревари, за насилно и недолично однесување на навивичите и спречување на инциденти.

Гостивар, 13 август 2022 (МИА) – Претставниците на повеќе спортски клубови од гостиварскиот регион и СВР Тетово, во Гостивар одржаа состанок на кој биле дискутирани обврските за организирање на натпревари, за насилно и недолично однесување на навивичите и спречување на инциденти.

Средбата помеѓу одговорните за превенција и спортските работници е дел од планираните активности „Безбедно лето“, информираат од Секторот за внатрешни работи Тетово. Претставниците на клубовите поблиску биле запознати со обврските и со предвидените законски санкции.

– На средбата станало збор за законските обврски на клубовите за спречување на насилство на спортски натпревари, за нивните обврски поврзани со организација на домашните натпревари, но и за организирање на навивачите на претстојните гостувања, вели Марјан Јосифоски портпарол на СВР Тетово.

Тој нагласува дека основната цел на средбата е да се укаже на превенирање евентуални инциденти на спортските натпревари, кои настануваат заради лоша организација или неспортско однесување на навивачите. Идната седмица ваква средба ќе биде организирана и во Тетово. згм/дма/

Таг
Back to top button
Close
Close