0_Македонија.ПорталДописници МКДОпштествоОпштински вести

Светскиот ден на лица со посебни потреби и годинава ги зближи малата Лаура и делчевската библиотека

Читањето книги и редовната комуникација со делчевската библиотека е една од најчестите активности на малата Лаура Даневска од Делчево. Иако е лице со даунов синдром, Лаура и денеска, на Светскиот ден на лицата со посебни потреби не заборави да ја посети делчевската културна установа и да им подари на вработените дел од своите цртежи, кои како што истакна директорката Биљана Петровска, отсега ќе ги красат ѕидовите на тамошната читална.

Делчево, 3 декември 2021 (МИА) – Читањето книги и редовната комуникација со делчевската библиотека е една од најчестите активности на малата Лаура Даневска од Делчево. Иако е лице со даунов синдром, Лаура и денеска, на Светскиот ден на лицата со посебни потреби не заборави да ја посети делчевската културна установа и да им подари на вработените дел од своите цртежи, кои како што истакна директорката Биљана Петровска, отсега ќе ги красат ѕидовите на тамошната читална.

-Минатата година по повод Светскиот ден на лицата со посебни потреби, ние ја поканивме Лаура да ни биде специјален гостин во библиотеката и да биде библиотекар. Оваа година таа сама ни дојде на гости, токму на Светскиот ден на лицата со попреченост и како подарок ни донесе нејзини цртежи. Како поединци, како држава, како општество, никако не смееме да заборавиме на овие лица, за кои мора да направиме се, да бидат прифатени, да бидат разбрани, исполнети и задоволни, рече Петровска.
Како родител на лице со Даунов синдром,  Кате Даневска, упати порака до родителите што имаат деца со пречки во развојот, да не ги кријат своите чеда, да не се срамат од нив, туку да им помагаат колку што можат.
Од библиотеката упатија благодарност до семејството и до малата Лаура за подароците, посочувајќи дека вратите на библиотеката за нив и понатаму остануваат отворени секој еден ден во годината. вс/вг/

Back to top button
Close
Close