Дописници МКДОпштински вести

Свети Сава одбележан од српската заедница во Тетово

Српската заедница од Тетово на пригоден начин го одбележа националниот празник Свети Сава. Во црквата „Свети Кирил и Методиј“ се одржа чинот на кревање и режење на славскиот кумски колач во чест и слава на Свети Сава.

Тетово, 27 јануари 2022 (МИА) – Српската заедница од Тетово на пригоден начин го одбележа националниот празник Свети Сава. Во црквата „Свети Кирил и Методиј“ се одржа чинот на кревање и режење на славскиот кумски колач во чест и слава на Свети Сава.

Дел од одбележувањето беше и претставувањето на новите народни носии во просториите на Културно-уметничкото друштво „Свети Сава Први“ од Тетово.

– Секоја година на 27 јануари како српска заедница од Тетово го празнуваме Свети Сава. По кршењето на славскиот колач, одржуваме академија и пригодна забава. Оваа година добивме сврталиште, простории за КУД Свети Сава со можност тука да го одбележиме свечениот настан. Вчера добивме и нови српски народни носи од Управа за дијаспора на Република Србија со кои денес се претставија игроорците, изјави Примислав Станојевиќ, претседател на регионален одбор Тетово на српска заедница во Северна Македонија.

Новите простории на КУД „Свети Сава“ се во близина на црквата „Св. Кирил и Методи“ј во населбата Два Бреста. ас/ки/

Back to top button
Close
Close