Дописници МКДОпштествоОпштински вести

Светиот крст во Гостивар го фати Виктор Угриноски

Светиот крст за Водици во Гостивар заврши во рацете на шеснаесет годишниот Виктор Угриноски. Овој гимназијалец ја имаше најголемата среќа помеѓу дваесетината гостиварци, кои влегоа во Вардар за да го извадат симболот на православието.

Гостивар, 19 јануари 2022 (МИА) – Светиот крст за Водици во Гостивар заврши во рацете на шеснаесет годишниот Виктор Угриноски. Овој гимназијалец ја имаше најголемата среќа помеѓу дваесетината гостиварци, кои влегоа во Вардар за да го извадат симболот на православието.

По една година пауза, манифестацијата по повод на големиот христијански празник Богојавление Водици во Гостивар верниците повторно масовно ја поддржаа манифестацијата.

Прославата на Водици започна утрово со света литургија во соборниот храм „Пресвета Богородица“ од каде литијата тргна по градските улици до малиот мост на Вардар.

Виктор прв пат учествува на манифестација и непосредно по вадење на крстот ја сподели радоста со гостиварци и им посака здравје и среќа. Иницијативниот одбор што ја организира прославата му подари осветена икона.

Прославата на празникот ќе продолжи на кејот на Вардар, каде кумовите принесуваат скромна трпеза.

Водици во гостиварскиот регион се слави во речиси сите села каде што има православни христијани. Голем собир со верници имаше и во селото Ростуше, а традиционално Водици се слават во долнореканското село Битуше. згм/цр

Таг
Back to top button
Close
Close