Дописници МКДОпштествоОпштински вести

Светиот крст во Гевгелија го фати Илија Илиевски

- Бескрајно сум среќен што успеав прв да стигнам до Чесниот крст. Голема е радоста кај мене и надежта дека чесниот крст ќе ми донесе многу здравје и позитивни промени во мојот живот.Големата радост ќе ја пренесам и во сите христијански домови во Гевгелија, изјави тој.

Гевгелија,19 јануари 2022 (МИА) – Најсреќен меѓу десетината млади момчиња кои во осветената вода на реката Вардар кај Гевгелија се пуштија по Чесниот крст на денешниот Богојавленски собор, беше 31 годишниот Илија Илиевски од гевгелиското село Давидово.

– Бескрајно сум среќен што успеав прв да стигнам до Чесниот крст. Голема е радоста кај мене и надежта дека чесниот крст ќе ми донесе многу здравје и позитивни промени во мојот живот.Големата радост ќе ја пренесам и во сите христијански домови во Гевгелија, изјави тој.

На фаќачот на Чесниот крст градоначалникот на општина Гевгелија, Андон Сарамандов, му подари лап топ и му посака здравје и среќа во животот, фармацевтската куќа „Зегин“, му подари машина за перење алишта, а од спортската обложувалница ,„Евро тип“ доби телевизор.

Вековната традиција која не потсетува на светото крштевање на Исус Христос,во Гевгелија годинава се одржа со примена на мерките и протоколите за заштита од корона вирусот. им/цр

Таг
Back to top button
Close
Close