
Скопје, 18 мај 2022 (МИА) – Полицијата спроведе акциска контрола на територија на Република Северна Македонија за санкционирање на прекршоци на возила со кои се врши јавен превоз на патници, при што санкционирани се 41 возило, информира Министерството за внатрешни работи.
-Од нив, 16 се санкционирани поради неисправен уред за запирање, 14 поради неисправен уред за управување, како и други видови неисправности, се вели во соопштението.
Од МВР додаваат дека акциските контроли продолжуваат и во наредните денови и апелираат до учесниците во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за побезбеден сообраќај. ки/дма/