Дописници МКДОпштински вести

Санкционирани 37 возачи од Куманово за брзо возење

Триесет и седум возачи од Куманово биле казнети за брзо возење, соопшти денеска СВР Куманово.

Куманово, 27 ноември 2021 (МИА) – Триесет и седум возачи од Куманово биле казнети за брзо возење, соопшти денеска СВР Куманово.

Во периодот од 16 до 22 часот вчера на подрачјето на Куманово, како што посочуваат, спроведена e засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возило со брзина поголема од пропишаната. Засилените сообраќајни контроли ќе продолжат и наредните денови.

Од полицијата апелираат граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот и да придонесат за посигурни патишта. ам/рп/

Back to top button
Close
Close