ХроникаХроника.Портал

Санкционирани 328 возачи за брзо возење

На територија на Република Северна Македонија во текот на вчерашниот ден санкционирани се 328 возачи кои се движеле со брзина поголема од дозволената, информира Министерството за внатрешни работи.

Скопје, 24 септември 2021 (МИА) –  На територија на Република Северна Македонија во текот на вчерашниот ден санкционирани се 328 возачи кои се движеле со брзина поголема од дозволената, информира Министерството за внатрешни работи.

-Од вкупниот број санкционирани возачи, 20 се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволената, а две возила се движеле над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Изречени се санкции за 141 возач кои ја пречекориле брзината во населено мести и 187 надвор од населеното место, соопшти МВР.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. МВР апелира до учесниците во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи со цел побезбеден сообраќај. ки/са/

Таг
Back to top button
Close
Close