Дописници МКДОпштински вести

Саниран и реконструиран изливен базен за вода за пиење во росоманско Сирково

Саниран и реконструиран е изливен базен за вода за пиење во росоманското село Сирково, информираа денеска од Општина Росоман.

Росоман, 20 септември 2021 (МИА)Саниран и реконструиран е изливен базен за вода за пиење во росоманското село Сирково, информираа денеска од Општина Росоман. Средствата за реализација на проектот се обезбедени од општинскиот буџет, во износ од 751.456,00 денари.
– Ова значи дека имаме можност за акумулирање повеќе вода за пиење во критични периоди, за околу 700 жители на селото, појасни за МИА, градоначалникот на Росоман, Бранко Јанев. свд/ир

Back to top button
Close
Close