0_Спорт.ПорталФудбал

Сане: Сакам да го достигнам нивото на кое бев пред повредата

Напаѓачот на Баерн, Лерој Сане пред натпреварот од Лигата на шампионите со Динамо Киев проговори за состојбата по повредата.

Минхен, 22 ноември 2021 (МИА) – Напаѓачот на Баерн, Лерој Сане пред натпреварот од Лигата на шампионите со Динамо Киев проговори за состојбата по повредата.

– Се обидувам да ја преточам негативната енергија во позитивна. Сега во однос на физичката подготвеност се чувствувам многу добро, влегов во добар ритам. Сакав да покажам што можам и да се вратам на нивото на кое бев пред повредата. Повторно постигнав добар напредок, изјави Сане за официјалната веб-страница на Баерн.

Натпреварот Динамо – Баерн ќе се одигра утревечер со почеток во 18:45 часот.

По четири кола во Е-групата во Лигата на шампионите, лидер е Баерн со максимални 12 бода, Барселона е втора со 6, Бенфика има 4, Динамо Киев е последен со 1 бод. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close