Дописници МКДКултураКултура.Портал

Самостојна изложба во Тетово на Валбона Гаши-Шала од Косово

Во Уметничка галерија Тетово од вечерва може да се погледнат уметничките дела на Валбона Гаши-Шала од Косово. Изложбата е насловена „Медалјоните не молчат“.

Тетово, 29 јуни 2022 (МИА) – Во Уметничка галерија Тетово од вечерва може да се погледнат уметничките дела на Валбона Гаши-Шала од Косово. Изложбата е насловена „Медалјоните не молчат“.
-Познатата сликарка од Косово, Валбона Гаши – Шала во нашиот град се претставува со изложбата „Медалјоните не молчат“ која содржи дела со посебни естетски вредности кои имаат метафорично значење, па оживуваат во секое време, не молчат, туку ја будат љубопитноста кај љубителите на уметноста, информираат од Уметничка галерија Тетово.
Изложбата е отворена за јавноста во Уметничката галерија во наредните седум денови. ас/ки/

Back to top button
Close
Close