0_Спорт.ПорталФудбал

Салах стана најефикасниот Египќанец во Премиер лигата

Напаѓачот на Ливерпул, Мохамед Салах постигна хет-трик на вчерашниот натпревар во Премиер лигата против Манчестер Јунајтед (5:0). Ова се 105., 106. и 107. голови на Египќанецот во Премиер лигата.

Лондон, 25 октомври 2021 (МИА) – Напаѓачот на Ливерпул, Мохамед Салах постигна хет-трик на вчерашниот натпревар во Премиер лигата против Манчестер Јунајтед (5:0). Ова се 105., 106. и 107. голови на Египќанецот во Премиер лигата.

Салах постави рекорд за овој индикатор кај африканските играчи. Тој го победи поранешниот напаѓач на Челзи и Брегот на Слоновата Коска, Дидие Дрогба (104 гола). Третиот Африканец кој постигнал 100 или повеќе голови во Премиер лигата е соиграчот на Салах и Сенегалецот Садио Мане (100 гола).

Салах има постигнато 107 гола на 167 натпревари, Дрогба има 104 гола на 254 натпревари, а Мане има 100 гола на 238 натпревари. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close