0_Спорт.ПорталФудбал

Салах го постигна 100. гол во Премиер лигата за Ливерпул – најбрзо во историјата на клубот

Напаѓачот на Ливерпул, Мохамед Салах вечерва постигна гол за Ливерпул на гостувањето во Лондон против Брентфорд во Премиер лигата.

Лондон, 25 септември 2021 (МИА) – Напаѓачот на Ливерпул, Мохамед Салах вечерва постигна гол за Ливерпул на гостувањето во Лондон против Брентфорд во Премиер лигата.

Ова е 100-ти гол на Египќанецот во англиското фудбалско првенство. За да стигне до оваа граница, на Салах му беа потребни 151 натпревар.

Претходниот рекорд го држеше Роџер Хант, кој постигна 100 голови за Ливерпул во англиската Премиер лига на 152 натпревари.

Натпреварот Брентфорд – Ливерпул заврши нерешено 3:3. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close