Дописници МКД

Саем на книги утре во Пехчево

Домот на култура „Јане Сандански" од Пехчево со Саем на книги ги започнува културните активности за 2022 година. Саемот, како што информираа од установата ќе биде еднодневен, а на истиот со свои изданија ќе се претстави издавачката куќа „Сакам книги".

Пехчево, 23 јануари 2022 (МИА) – Домот на култура „Јане Сандански” од Пехчево со Саем на книги ги започнува културните активности за 2022 година. Саемот, како што информираа од установата ќе биде еднодневен, а на истиот со свои изданија ќе се претстави издавачката куќа „Сакам книги”.

-Утре понеделник (24 јануари 2022) љубителите на пишаниот збор ги очекуваме на еднодневниот Саем на книги кој ќе се одржи во просториите на Домот на културата „Јане Сандански” Пехчево. Саемот ке биде отворен од 9 до 18 часот. Во тој период секој ќе може да си купи некоја книга по празнични цени, истакнаа од ДК „Јане Сандански”.
Оттаму додадоа дека за време на настанот задолжително е почитување на мерките за заштита од Ковид-19.
Претходно издавачката куќа „Сакам книги” организираше саем на книги и во Делчево и Берово. вс/бк/

Back to top button
Close
Close