СветСвет.ПорталСвет.Слајдер

САД: Повеќе од 1,7 милиони мигранти биле приведени во претходните 12 месеци на границата со Мексико

САД објавија дека повеќе од 1,7 милиони мигранти биле приведени во претходните 12 месеци на границата со Мексико, што е највисока цифра досега

Вашингтон, 23 октомври 2021 (МИА) – САД објавија дека повеќе од 1,7 милиони мигранти биле приведени во претходните 12 месеци на границата со Мексико, што е највисока цифра досега. Повеќе од милион од нив биле протерани во Мексико или во земјите од кои побегнале, покажуваат податоците на американската Царинска и гранична заштита.

Припадниците на безбедносните служби уапсија луѓе од повеќе од 160 земји. Анкетите покажуваат дека популарноста на американскиот претседател Џозеф Бајден опаѓа, делумно поради неговата миграциска политика. Само 35 отсто од Американците рекле дека го поддржуваат неговиот пристап за решавање на тој проблем, според истражувањето на Центарот за истражување на односи со јавноста AP-NORC. зш/

Back to top button
Close
Close