0_Спорт.ПорталСпортСпорт.СлајдерТенис

Русија го освои Дејвис купот 2021

Андреј Рублев го совлада Борн Гоја со 6-4, 7-6 (5) во првиот меч, и со тоа на Русите им го донесе првиот бод. Во вториот поединечен меч, Данил Медведев беше подобар од Марин Чилиќ со 7-6 (7), 6-2, обезбедувајќи го пехарот за руската селекција.

Мадрид, 6 декември 2021 (МИА) – Руските тенисери се победници во Дејвис купот, откако во финалето во Мадрид ја совладаа Хрватска со 2:1, со две победи во поединечните мечеви.

Андреј Рублев го совлада Борн Гоја со 6-4, 7-6 (5) во првиот меч, и со тоа на Русите им го донесе првиот бод. Во вториот поединечен меч, Данил Медведев беше подобар од Марин Чилиќ со 7-6 (7), 6-2, обезбедувајќи го пехарот за руската селекција.

Ова е трет Дејвис куп во историјата за Руската Федерација, по освојувањето во 2002 и во 2006 година.

Четири нации веќе се квалификуваа за Дејвис купот 2022 година. Тоа се годинaшните финалисти, Хрватска и Русија, и две нации со вајлд-карта, Велика Британија и Србија. ар/дма/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close