0_Спорт.ПорталФудбал

Роналдо постави рекорд во ЛШ

Напаѓачот на Манчестер јунајтед, Кристијано Роналдо постигна гол на натпреварот од Лигата на шампионите против Аталанта (3:2). Италијанската екипа е 38-ма против која Португалецот има постигнато гол во Лигата на шампионите што е нов рекорд во елитното натпреварување.

Манчестер, 21 октомври 2021 (МИА) – Напаѓачот на Манчестер јунајтед, Кристијано Роналдо постигна гол на натпреварот од Лигата на шампионите против Аталанта (3:2). Италијанската екипа е 38-ма против која Португалецот има постигнато гол во Лигата на шампионите што е нов рекорд во елитното натпреварување.

Претходно, ниту еден играч во историјата на турнирот не успеал да ја погоди мрежата на толку многу екипи.

Роналдо се врати во Манчестер јунајтед од Јувентус на почетокот на сезоната. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close