0_Спорт.ПорталСпортФудбал

Роналдо незадоволен од трансфер-кампањата на Манчестер jунајтед

Стана познато поради која причина напаѓачот Кристијано Роналдо сака да го напушти Манчестер јунајтед. Постои можност Португалецот летово да замине во друга екипа.

Манчестер, 3 јули 2022 (МИА) – Стана познато поради која причина напаѓачот Кристијано Роналдо сака да го напушти Манчестер јунајтед. Постои можност Португалецот летово да замине во друга екипа.

Според новинарот Фабрицио Романо, фудбалерот е разочаран од настапот на клубот на трансфер-пазарот, но е многу задоволен од новиот тренер Ерик тен Хаг.

Роналдо се врати во Манчестер јунајтед на крајот на август 2021 година. Во сезоната 2021/22 тој постигна 24 гола и даде 3 асистенции на 38 натпревари за тимот во сите натпреварувања.

Договорот на петкратниот освојувач на Златна топка, со клубот од „Олд Трафорд“ е до 30 јуни 2023 година. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close