0_Спорт.ПорталСпорт.СлајдерФудбал

Роналдо за поразот од Србија: Без оправдување, но Португалија ќе оди во Катар

Напаѓачот на Португалија, Кристијано Роналдо го коментираше поразот од Србија (1:2) во мечот од 10. коло на квалификацискиот турнир за Светското првенство 2022 година.

Лисабон, 15 ноември 2021 (МИА) – Напаѓачот на Португалија, Кристијано Роналдо го коментираше поразот од Србија (1:2) во мечот од 10. коло на квалификацискиот турнир за Светското првенство 2022 година.

– Фудбалот постојано ни покажува дека понекогаш најтешките патеки водат до најпосакуваните резултати. Вчерашниот пораз беше тежок, но не доволен да не одведе на погрешен пат. Нашата цел е да стигнеме до Светското првенство и знаеме што треба да направиме за ова. Нема оправдувања. Португалија ќе оди во Катар, порачува Роналдо.

Португалија заврши на второто место во групата во квалификациите и ќе игра во баражот за  Светското првенство во Катар.

Србија како првопласирана обезбеди директно учество на Мундијалот 2022. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close