Дописници МКДОпштински вести

Роза Јаневска избрана за претседател на Советот на Општина Неготино

Роза Јаневска беше избрана за претседател на Советот на Општина Неготино на денешната конститутивната седница.

Неготино, 1 ноември  2021 (МИА) – Роза Јаневска беше избрана за претседател на Советот на Општина Неготино на денешната конститутивната седница. 
На локалните избори по седум советнички места добија ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ со нивните коалициски партнери, а едно место обезбеди Левица.
Роза Јаневска, која беше носител на советничката листа на ВМРО-ДПМНЕ и коалициските партнери, рече дека ќе работат одговорно, во интерес на сите, со реализација на сите зацртани проекти. Таа изрази надеж дека овој Совет ќе постави повисоки стандарди во функционирањето.
– Функцијата претседателка на Советот на Општина Неготино за мене лично претставува чест, но и огромен предизвик и одговорност во извршувањето. Во тековниот мандат ќе се трудам, заедно со советниците, да наоѓаме соодветни иницијативи и решенија и да носиме одлуки во функција на решавање на проблемите и потребите на граѓаните на општина Неготино, рече Јаневска.
Таа нагласи дека ќе се залага за конструктивност,  соработка, заемна комуникација, транспарентност и плодна работа на целиот советнички состав, се со цел – Неготино подобро место за живеење на сите граѓани!
– Ми претставува особена чест и задоволство што општина Неготино доби жена-претседателка на Советот. Ќе го дадам својот максимум да ја оправдам довербата која ми е укажана и заеднички  да означиме позитивен исчекор за идните генерации, додаде Јаневска. свд/мд/

Таг
Back to top button
Close
Close