Дописници МКДОпштински вести

Реконструкција на велешката улица „Димче Мирчев“

Ќе се реконструира дел од улицата „Димче Мирчев“ во Велес во должина од околу 270 метри. Градежните работи почнуваат денеска и ќе се изведуваат од крстосницата во центар, на спојот со улиците „Страшо Пинџур“ и „Гоце Делчев“ кај преминот кон музичкото училиште, информираат од Општина Велес.

Велес, 5 октомври 2022 (МИА) – Ќе се реконструира дел од улицата „Димче Мирчев“ во Велес во должина од околу 270 метри. Градежните работи почнуваат денеска и ќе се изведуваат од крстосницата во центар, на спојот со улиците „Страшо Пинџур“ и „Гоце Делчев“ кај преминот кон музичкото училиште, информираат од Општина Велес.

Тие појаснуваат дека за изведување на градежните зафати ќе се користи механизација-градежни машини и превозни средства. Поради малата широчина на улицата и заради безбедно изведување на реконструкцијата, улицата „Димче Мирчев“ ќе биде исклучена од сообраќај со поставена сообраќајна сигнализација.

Во периодот на изведување на градежните работи потребно е граѓаните да ги почитуваат поставените знаци и да не ги паркираат своите возила на улицата, посочуваат од Општина Велес.

Надлежните апелираат  до граѓаните да покажат трпеливост и разбирање за време на изведување на градежните работи, а  со цел безбедно, квалитетно и навремено извршување на работите.ад/

Таг
Back to top button
Close
Close