Дописници МКДОпштински вести

Регистрирана прекумерна сеча на букова шума во беровско Владимирово

Алармантна ситуацијата со прекумерната сеча на дрва во месноста Широки Дол во атарот на беровското село Владимирово. Мештани информираат дека појавата е најизразена под врвот на планината Готен, каде што се исечени буки стари над 150 години.

Берово, 21 октомври 2021 (МИА) – Алармантна ситуацијата со прекумерната сеча на дрва во месноста Широки Дол во атарот на беровското село Владимирово. Мештани информираат дека појавата е најизразена под врвот на планината Готен, каде што се исечени буки стари над 150 години.

– Овој дел, поточно на 5 километри пред Широки Дол го красеше прекрасна бука, стара повеќе од 150 години, каде што сите луѓе поминуваа и застануваа, некои да одморат, да каснат нешто и да наполнат вода од блискиот извор, кој се наоѓа под самата бука во месноста Кушово Кладенче. Сега белегот на овој дел поточно буката е исечена, а целото место е опустошено и огрозено, информираат локални жители.
Реагираат на екипите кои, според нив, не се од Малешевијата и сечат шума на ова место, каде што на секои 15 минути паѓаат буки.
– Секој ја знаеше оваа прекрасна бука, и ловџии, и планинари, и сточари, и туристи, за кои дрвото беше симбол слично како Мекиците на Стража по патот накај Охрид, велат жителите.
Случајот е пријавен до надлежните од каде што очекуваат да се испита ситуацијата и да се казнат сторителите. вс/са/

Back to top button
Close
Close