0_Спорт.ПорталСпорт.СлајдерФудбал

Реал подготвен да му понуди нов договор на Бензема

Реал Мадрид планира да го продолжи договорот со напаѓачот Карим Бензема, пишува „Goal.com“.

Мадрид, 18 октомври 2021 (МИА) – Реал Мадрид планира да го продолжи договорот со напаѓачот Карим Бензема, пишува „Goal.com“.

Според спортски портал, клубот сака да потпише нов договор со играчот со важност до летото 2025 година.

Така, Реал сака да му ја покаже довербата на Бензема и покрај информациите за можниот трансфер на Килијан Мбапе од ПСЖ.

Оваа сезона, 33-годишниот Французин одигра осум натпревари за Реал Мадрид, постигна девет гола и забележа седум асистенции.

Сегашниот договор на фудбалерот е пресметан до летото 2023 година. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close