
Мадрид, 3 јули 2022 (МИА) – Реал Мадрид планира да го продолжи договорот со напаѓачот Карим Бензема до летото 2024 година, објави „АС“. Овој договор сега е приоритет за „кралскиот клуб“.
Според шпанскиот спортски весник, раководството на Реал Мадрид се надева дека по 2024 година ќе го придобие напаѓачот на Манчестер сити, Ерлин Халанд.
На крајот од минатата сезона, 34-годишниот Бензема стана најдобар стрелец во Ла Лига и Лигата на шампионите.
Французинот во моментов е главен фаворит за Златната топка која секоја година се доделува на најдобриот фудбалер на светот. зс/