Локални избори 2021Политички партии

Реакција од Градската организација на СДСМ на изјавите на Данела Арсовска и Трајко Славески

На целокупната македонска јавност и е познато дека кандидатката за градоначалник Данела Арсовска заедно со поранешниот министер за финансии на ВМРО-ДПМНЕ Трајко Славески беа најгласни против покачување на минималната плата од 9 илјади на 15 илјади денари.

Скопје, 9 октомври 2021

На целокупната македонска јавност и е познато дека кандидатката за градоначалник Данела Арсовска заедно со поранешниот министер за финансии на ВМРО-ДПМНЕ Трајко Славески беа најгласни против покачување на минималната плата од 9 илјади на 15 илјади денари.

Арсовска го оцрнуваше зголемувањето на минималната плата од 9 илјади на 15 илјади денари како „вештачко зголемување на минималната плата“. Арсовска тврдеше дека „Секој вештачки обид за зголемување на минималната плата за нас не е добар“.

Арсовска доби гласна поддршка од ВМРО-ДПМНЕ во ставот против зголемувањето на минималната плата од 9 илјади на 15 илјади. На истата ТВ дебата кога Арсовска го оцрнуваше зголемувањето на минималната плата како „вештачко“, нејзиниот сегашен носител на советничката листа на ВМРО-ДПМНЕ Трајко Славески јавно предупредуваше „немојте да ја зголемувате минималната плата“ и ја заплашуваше јавноста дека покачувањето на минималната плата ќе донесе „нестабилност, хаос, секојдневни штрајкови“.

Данела Арсовска сеуште смета дека зголемувањето на минималната плата е вештачко и дека не е добро, а Трајко Славески вчера кажа дека зголемувањето на платите било „неморално“. Има ли поголем апсурд од тоа што Данела Арсовска смета дека 15.000 денари плата не е достојна за живот, а беше против „вештачкото“ зголемување на минималната плата од 9 на 15 илјади денари? Притоа, Арсовска ја дезинформира јавноста дека минималната плата доведувала до намалување на работни места, и тоа кога во моментов имаме најниска стапка на невработеност.

Нема ништо потрагично од тоа што Данела Арсовска зборува против олигарси, кога јавноста знае дека таа лично го има предложено олигархот Сеад Кочан за свој заменик во ССК. Данела Арсовска и Сеад Кочан никогаш не биле глас на работниците и малите претпријатија, туку глас на урбаната мафија и олигарсите на Груевски.

Данела Арсовска и Сеад Кочан никогаш не биле за „модерно Скопје“, туку за „Барокно Скопје 2014“ – токму фирмата на Сеад Кочан градеше милионски барокни фасади во „Скопје 2014“ и ја изгради катастрофалната фонтана-прскалка во центарот на Скопје за над 2.5 милиони евра!

Наспроти олигархијата на ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ ја покачи минималната плата и ја зголеми просечната плата за околу 100 евра и вети покачување на минималната плата на 300 евра од 1 јануари 2022.

Градска организација на СДСМ

—————————————————————————————————————————

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивнатасодржина, ниту за евентуалните правописнинедоследности или печатни грешки.

 

Таг
Back to top button
Close
Close