Локални избори 2021Политички партии

Реакција од ВМРО-ДПМНЕ на изјавата на Љупчо Николовски

Љупчо Николовски лаже, Битола 4 години е заборавена и ништо не се работи, следуваат промени и многу работа во корист на граѓаните.

Скопје, 29 октомври 2021

Љупчо Николовски лаже, Битола 4 години е заборавена и ништо не се работи, следуваат промени и многу работа во корист на граѓаните.

Битола од страна на власта 4 години се гледа само низ призмата на РЕК, 4 години матни тендери се склучуваат со фирми блиски до Заеви. За на крај да го остават комбинатот без јаглен, а државата во ситуација да нема струја.

Една инвестиција не донесе СДСМ во Битола, а ја имаа и локалната и централната власт.

Инфраструктурните проекти кон Битола се запрени, а ниту нови не се отпочнати.

Најголемо достигнување во Битола на СДСМ е што направиле дрвено мостче од три метри, со кое се фалеа како изграден проект.

Битола им даде жолт картон на овие неработници во првиот круг, а сега ќе им даде и црвен картон на 31 октомври.

Време е за промени. Време е да создадеме нова иднина.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

—————————————————————————————————————————

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Back to top button
Close
Close