Локални избори 2021Политички партии

Реакција од Алијанса за Албанците за пукањето во Чаир

Почнувајќи од првите три дена на предизборната кампања, актуелниот режим со оружје и вандализам има намера да ја наштети предизборната кампања.  Ние се соочуваме со противници кои што не знаат што претставуваат демократски и цивилизирани избори, но ова се нивните  последни клоци.

Скопје, 30 септември 2021

Почнувајќи од првите три дена на предизборната кампања, актуелниот режим со оружје и вандализам има намера да ја наштети предизборната кампања.  Ние се соочуваме со противници кои што не знаат што претставуваат демократски и цивилизирани избори, но ова се нивните последни клоци.

Првично во Чаир, а деновиве и во Желино, отварањата на комуналните штабови на ДУИ се придружени со пукања додека се гледаат и високи функционери како ракоплескаат и како ги поддржуваат овие дела.  Освен пратениците и останатите функционери, за време на последниот инцидент во Желино присутен беше и Заменик министерот за правда, Агим Нухиу.Се потсеќаме на настаните пред 4 години во Чаир, кога победата беше украдена и никој не одговараше за пукањето со оружје, затоа, ние сме уверени дека ни овој пат нема да се преземе ниту една мерка, бидејќи обвинителството е во рацете на бившиот министер на ДУИ и законот за нив не важи.  Власта предводена од ДУИ-ДПА која манипулираше со
изборите во Чаир од 2013 година нема епилог. И другиот пазарџија се казнува па потоа се става предметот на повторно разгледување, само затоа што  одлично им служи на тајните служби.

Чинот на уништувањето на предизборните материјали во Тетово, исто така е аларм за институциите во земјата, а посебно на меѓународните заедници, на мисиите за набљудување (мониторинг) и Европската Унија.

Јавно го прашуваме Премиерот Зоран Заев, дали се овие инциденти со оружја и демолирање на предизборниот материјал во Скопје и Тетово, стратегија на Владата, бидејќи веќе се дозна дека неговите партнери ги се извршители на овие дела?

Сакам да ги по повикаме граѓаните да не се вознемируваат. Овие се последните обиди на коњот пред умирање, дела на партии кои губат. И во минатото сме виделе партии кои направиле вакви дела и денеска се борат за да преживеат.

АЛИЈАНСА ЗА АЛБАНЦИТЕ 

—————————————————————————————————————————

МИА овие текстови ги објавува во интегралнаи оригинална форма и не е одговорна за нивнатасодржина, ниту за евентуалните правописнинедоследности или печатни грешки.

Таг
Back to top button
Close
Close